Нашата компанија со седиште во Кавадарци постои повеќе од 20 години, но под името ГАМА ТРАНС ДООЕЛ се појавува на домашниот и европскиот пазар во 2004г. Од самиот почеток патот кон успехот на ГАМА ТРАНС одржува нагорна линија, како резултат на нашата континуирана долгогодишна и успешна работа.
Со цел да ги пресретнеме барањата на растечкиот меѓународен пазар на транспортни услуги постојано сме во потрага на нови контакти за извршување на увозно-извозни операции и остварување на интезивна соработка.
Нашата професионалност ја докажуваме со постојаното вложување во најсовремени возила ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандарди, чиј број денес изнесува 12 влекачи и 12 полуприколки, сите во сопственост на ГАМА ТРАНС. Сите возила кои ги поседуваме се покриени со ЦМР-осигурување, што значи дека робата што ја превезуваме за нашите клиенти е безбедна низ целиот процес на транспортот се до истоварното место. Исто така, секое возило има ГПС - уред, така што клиентите во секое време може да дознаат каде се наоѓа нивната роба.
Нашите основни предности во работењето се: големото искуство во меѓународниот транспорт, квалитетот на услугите и почитување на рокот на испорака на робата.
Ние сме компанија на која можете да сметате со сериозност и доверба.